Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека постои низок ризик од пренесување на птичји грип од човек на човек, откако Кина претходно пријави смрт на лице заразено со комбинација на соеви H3N2 и H10N5.
„Не се откриени нови сомнителни случаи на луѓе преку истраги и тестирања извршени од властите“, соопшти СЗО.
Во соопштението се додава дека се смета дека соеви на вирусот на птичји грип не стекнале капацитет за трајно пренесување на луѓе, пренесува Ројтерс.