Тестирањето на вработените во детската градинка „Астибо“-Штип е одложено, се тестираат текстилните работнички

Детската градинка “Астибо“-Штип во градот Штип има пет клонови и најголем број на вработени. Во установата требаше да бидат тестирани 137 вработени од сите пет клонови, но истото се одложи…

Детската градинка “Астибо“-Штип во градот Штип има пет клонови и најголем број на вработени. Во установата требаше да бидат тестирани 137 вработени од сите пет клонови, но истото се одложи поради масовниот скрининг кој се спроведува во моментот на текстилните работнички меѓу кои започнало ширењето на Ковид-19.

Директорката на градинката „Астибо“, Билјана Трајчевска, вели дека од страна на епидемиолозите од Центарот за јавно здравје-Штип ги известиле дека тестирањето ќе биде одложено, бидејќи се прави масовен скрининг на текстилните работнички кои работат во конфекцијата од каде што почна да се шири заразата и на работничките од други конфекции кои се превезувале во истите автобуси од оваа конфекција.

Таа додава дека тие како установа ги преземаат сите мерки и протоколи што им се дадени од страна на ресорното министерство и Влада.

Штипскиот Центар за јавно здравје од денеска требаше да го почне тестирањето на вработените во градинките во Штип, Пробиштип, Карбинци, Конче и Радовиш.


Related Articles