Заменик министерот за здравство Јовица Андовски оствари работна средба со директорот на клиника за Токсикологија проф. д-р Андон Чибишев.
При посетата на Универзитетска клиника за Токсикологија беше разгледана можноста од пренамена на просториите за нов Ургентен Центар.
Заменик Министерот Андовски оваа вест ја сподели на социјалните мрежи.
-Во посета на Универзитетска клиника за Токсикологија која за многу кратко време е предвидено да прерасне во нов модерен и функционален ургентен центар во рамките Клиничкиот центар Мајка Тереза, потенцира Јовица Андовски во објавата.