Во текот на ноќта во Србија починаа уште две лица кај кои е потврден коронавирусот.

Станува збор за К.С. (80) кој бил хоспитализиран во Клиниката за инфективни и тропски болести во Клиничкиот центар и кој последните денови се ноаѓал на респиратор, а докторите вложиле максимум за време на неговото лечење.

Инаку боледувал од кардиомиопатија, имал хипертензија, хронична опструктивна болест на белите дробови и дијабетес.

Втората жртва е 62- годишната жена П.Б. која била хоспитализирана во Клиничкиот центар во Ниш и која се наоѓала на респиратор и за која лекарите направиле се да ја спасат. Сепак дошло до фатален исход, а починатата се лекувала од артериска хипертезнија и дијабтесе, како и ревтматиден артритис.