Завршија преговорите во Владата меѓу министерот за образование Арбер Адеми и СОНК, кои инсистираат на поголема плата. Владата понуди зголемување на платите за 10% од месец април догодина, што заедно со сегашните 5% би биле 15%. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков рече дека предлогот допрва ќе биде разгледуван во Синдикатот, но тој лично смета дека секогаш може многу повеќе да се издејствува во преговорите.