Матичните стоматолози тешко дека ќе добијат плус пари за секој пациент, или како што ветија премиерот Зоран Заев и министерот за здрвство, Венко Филипче. Со покачувањата стоматолозите треба да добијат 15 проценти повеќе. Но коментираат тие, тешко дека ќе е така. Ова е уште една лажна реформа, коментираат стоматолозите. Оттука се поставува прашањето дали сите ветувања дадени за наставници, пензионери, лекари ќе ја имаат истата судбина.
Зошто? Според Одлуката на Фондот за здравствено осигурување се менува бројот на пациенти за кој се добива 100 проценти од бодот. До покачувањето на капитацијата 100 проценти се земаше до две илјади пациенти, од 2001 до три илјади земаа 70 проценти, од 3001 до 400 земаа 45 проценти и од 4001 и повече 30 проценти.
Сега по покачувањето се намалува бројот на пациенти за кои се зема целата сума. Или само до 1.800 се зема целата сума, од 1.801 до 2.800 се земаат 70 прпценти, од 2.801 до 3.800 земаат 45 проценти, и од 3.801 па натаму земаат 30 проценти од сумата.
-Со ова практично парите што ќе ги земаме се исти, револтирани реагираат стоматолозите.
Некои од нив се охрабрија и јавно пишуваат коментари на социјалните мрежи.
-Класична манипулација со стоматолозите од страна на СДС и првиот „бел мантил” Филипче!? Повторно ли лага, како за секое ваше дадено ветување!? Покачувате едно, а кратите друго! Срамота! Стоматолозите имаат достоинство! Досега капитација до 2000 пациенти се исплаќаше 100%. А сега 100% ќе се исплаќа до 1800 пациенти. До 3000 пациенти се исплаќаше 70%, сега истиот процент до 2800 пациенти. Од секаде скратено, но важно бодот покачен за 8 ден. Не ја потценувајте интелигенцијата на докторската фела! Под итно да се врати стариот правилник за бодување, доста се манипулации и лажна грижа и реформи!, пишува доктор Марија Андоновска.