Здравствените власти предводени од Филипче се тотално изгубени во сред епидемија со корона вирусот. Додека нивниот алгоритам и мерки доживуваат фијаско, Македонија бележи нови црни биланси, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во последното деноноќие се евидентирани 25 нови заболени и тројца починати. Со овие нови случаи бројот на вкупно заразени се искачи на 2.039, а на починати достигна 113 лица. Македонија е црн рекордер во регионот. Македонија е на врвот по починати на милион жители и заразени на милион жители, a е на дното по извршени тестирања. Нивните аргументи се неубедливи, па и самите не си веруваат. Јасно е како ден дека по политички диктат панично промовираа лажна нормалност, иако секој ден граѓаните заболуваат и умираат од корона вирусот. Хаосот кој го создаваат во тоа брзање да му удоволат на Заев, само дополнително ќе го наруши кредибилитетот на институциите, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека е очигледно дека на СДСМ не им е битно здравјето на граѓаните, туку битно им е како да го спасат Заев од дебакл на изборите.

-Поразот им е неминовен и тоа самите го знаат. Сега се обидуваат само како да го ублажат. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ и граѓаните тоа го препознаваат. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија. Народот ќе ги прекине поразите кога Заев и СДСМ ќе изгубат на изборите, порачуваат од партијата.