Во Дебар повторно расте бројот на заболени од Ковид-19, ситуацијата е алармантна

Во Дебар, градот кој прв беше ставен под карантин откако стана жариште на коронавирусот, а подолг период немаше нови заболени, ситуацијата алармантно се менува. Во последниве 24 часа регистрирани се…

Во Дебар, градот кој прв беше ставен под карантин откако стана жариште на коронавирусот, а подолг период немаше нови заболени, ситуацијата алармантно се менува.

Во последниве 24 часа регистрирани се 18 нови случаи на Ковид-19, а вкупниот број на заболени од коронавирусот во општината е 29.

Градоачалникот Хекуран Дука, на вчерашната прес-конференција, оцени дека ситуацијата им е алармантна, откако беше контатирано дека од 5 јуни има нови 12 заболени во градот. Денеска, ситуацијата повторно се влошува, со новите 18 заболени.

Во изминатите денови, 17 матични лекари го завршија скринингот за имунитет на населението во општината, при што беше констатирано дека ситуацијата е под контрола, а последниот случај на заболен беше внесен во списокот на оздравени кон почетокот на мај.

Дебар на 13 март беше ставен во целосна изолација поради тоа што беше прво жариште на вирусот, кој се рашири откако двајца заразени сопружници се вратија во земјава, од европското жариште на вирусот, Италија. По нив, се заразија и други 49 лица, а четворица ја загубија битката со болеста.

Во градот не можеше да се влезе ниту да се излезе, а оние кои носеа потребни намирници мораа да се заштитат, додека возилата на влез во градот беа дезинфицирани. Дебарчани строго се придржуваа до мерките, а градоначалникот ги пофали своите сограѓани за придржувањето до мерките со што во градот набрзо немаше ниту еден заразен. Сега ситуацијата се менува.


Related Articles