Република Македонија има изграден дециден став кон прашањето на еднаквоста на жената. Истиот е кодифициран во државните документи, овозможувајќи така еднаков развој на нејзините граѓани. Карактееристично е што работи на планот на подигнување на нивото на нејзината рамноправност. Првиот парламент има 4 жени меѓу 120, и малиот број на номинирани жени на изборите за членови од политичките партии.

Воедно партиципацијата на жени во Првата Влада на Р Македонија  е во две министерски места од 22 министерста. Видливо е дека Македонија ги уважува сите меѓународни договори и конвенции кои говорат за еднаквоста на жената како и за сузбивање на формите на дискриминација на жената. Борбата за еднаквост на жената во Македонија кореспондира со европското движење за еманципација на жената. Тоа е борба и соочување со рецидивите на патријалхалната цивилизација и за корекција на  поимањето на жената.Во некои сегменти сеуште може да говориме за загрозеност.

  • постигната е завиден степен на интеграција во сите подрачја од јавниот живот
  • сеуште е сочуван традиционалниот модел(особено кај одделни национални и етнички групи) наспроти описменувањето и едукацијата. процентот на неписмени жени во 1945 изнесува 70% според пописот од 1991 5.7% за градско и 15.2 за рурално население. мажите 1.7 за градско и 5.1 за руралното население.
  • загрозена економска сигурност(нејзиното вработување е побавно и често се условува со сплет на иреални фактори, а отпуштањето од работа е побрзо.

Прашањето за еднаквост на жената во корпусот на документи за човекови права не теба да се доживува само како етичка норма туку како фундаментална потреба на демократдкиот развој.

Треба да се надмине инертноста на дел од жените кои и покрај солидното образование, а немањето работен ангажман ги прави зависни, а во исто време и рамнодушни;

-Санкционирање на секаква форма на насилство над жената, и подигање на свеста за пријавување на ваквите форми на насилство;

-Младата генерација да се  воспитува на прифаќање на нормите на толеранција и хумани односи и да се работи  на планот на непристрасно информирање

Со вработувањето жената условно се ослободува од домот, но не и од домашните обврски, не ги има еднаквите услови за сопствена надоградба, или пак прифаќање на раководни функции. Сето ова одзема дел од и онака малото слободно време; многу талентирани жени го губат својот талент во лавиринтот на ,,семејни обврски“ сплетот на чувства и приврзаноста кон застарените традиции кои директно влијаат на идентитетот на македонската жена.

За креирање на реална перцепција за состојбата на жената во македонското општество наведувам податоци во сегментот на пазарот на трудот како и во политиката.Анализата ја базирам на податоците од заводот за статистика на Република Македонија како и Еро Стат. Од податоците од заводот за статистка поврзани со пазарот на трудот во Република Македонија во 2017 година стапката на вработеност кај жените изнесува 34.6% и е значително пониска во споредба со онаа кај мажите, која изнесува 53.6%.Стапката на невработеност кај жените изнесува 21.8%, а кај мажите 22.7. Стапката кај работно способното население  кај жените е пониска и изнесува 44.3%, а забележливо е повисока кај мажите и изнесува 69.3%.

Вториот сегмент на оваа кратка  анализа е посветен на вклученоста  на жената во политика, преку нејзината застапеност во рамките на собранието на Република Македонија, како пример е земен последниот пратенички состав ,каде што имаме 47 пратенички или 39.16% од избраните пратеници.Говорејќи за вклученоста на жената во политиката како земја која се стреми кон членство во ЕУ накратко ќе ја посочам состојбата односно вклученоста на жената во политичкиот живот во ЕУ  преку Европскиот Парламент.

Реализирајќи компарација со земјите од ЕУ со состојбите и застапеноста на жената во политиката во анализата интегрирам и податоци од ЕУРО-СТАТ во контекстот на вклученоста на жената во политичкиот живот односно политиката.Во овој контекст процент на членови жени 16.6% од првата директно избрана гарнитура во 1979г, процентот на жени  со секој избор континуирано расте, а по изборите во 2014г., изнесувал 35.8%. последните податоци од родовиот баланс во Европскиот Парламент покажуваат дека процентот на жени, членови на Европскиот Парламент, малку пораснал од изборите во 2014 така што сега таа цифра изнесува 36,1%.

Сепак, постојат големи разлики во рангирањето на Државите членки, започнувајќи од оние со голем процент на жени како: Финска (76,9%), Хрватска и Ирска (поединачно 56,5%) до оние од рангот на Естонија и Кипар (поединачно 16,7%), како и Бугарија (17,6%). Интересно е што Малта, чиј процент по родова еднаквост на национална политика е скоро на дното споредено со другите членки на ЕУ, има родова нееднаквост во Европскиот парламент со скоро 50% жени членки.

Борбата на жената за еднаквост во широката лепеза на еманципаторски идеи ја содржи иминентната потреба за целосни човекови права и уважување на човечкото достоинство. Македонија е на вистинскиот пат кој води кон целосна еднаквост на жената, пат кој води кон вистиинска демократија.

Светот може да постане подобро место, само ако се делува. никој  решението на индивидуалниот или групен проблем не може да ви го донесе на тацна. за тоа е потребно вложен труд, детектирање на проблемот и дебатирање, бидејќи доколку не се каже за некој проблем е исто како фа не постои.

Кога би говореле за статистиката на насилство годишно помеѓу 8-16 000 лица доживуваат силување или обид за силување. мажите(сопружници, бивши или партнери убиле 8 жени, а ниту едно убиство не е над сопруг)-Норвешка

Во Македонија состојбата со семејно насилство и силување покажува далеку пониски податоци иако нетреба да се занемари податокот на темната бројка знаејќи го патријахалното воспитување на дел од женската поулација.