Можеби не сте свесни за тоа, но вашата кожа покажува колку сте здрави. Кожата е првото нешто каде можат да се забележат проблемите поврзани со здравјето. Затоа, важната грижа за здравјето е особено потребна.
Ако сакате да имате поубава и посвежа кожа, не постои ништо подобро од природните состојки кои се наоѓаат во различните видови храна.
- Цвекло
Многумина не го сакаат премногу вкусот на цвеклото, но тоа е еден од најдобрите зеленчуци за здрава кожа. Содржи минерали како магнезиум, калциум и калиум, а е богато и со витамин Е и А.
- Краставица
Краставицата не е важна само поради кругчињата од неа кои можеме да ги ставиме за одмор на очите, туку и за целото лице, поради големото количество вода кое го содржи. Таа помага за исфрлање на токсините од телото и и дава свежина на изморената кожа.
- Мешункаст зеленчук
Докторите и нутриционистите го препорачуваат мешункастиот зеленчук поради многу причини. Тоа е поради природните влакна кои ги содржат овие плодови, кои го потпомагаат варењето и ја прават кожата свежа и младешка.
- Лук
Често го избегнуваме поради лошиот здив, но треба да знаеме дека е богат со хемиската состојка алицин, која помага во одржување на имунитетот на телото и борбата против бактерии и вируси во телото. Всушност, тој е одличен за намалување на знаците од старењето на кожата.
- Авокадо
Авокадото една од најпрепорачуваните состојки за здрава кожа. Тоа е вкусно, но и особено здраво за кожата. Содржи витамин Е и Ц, но и омега 3 масни киселини. Одлично е за одржување на текстурата и добар тон на кожата, како и подобрување на нејзината виталност.
- Јаткасти плодови
Постојат во различен вид и вкус, но сите тие придонесуваат за здравје и свежина на кожата. Одлични се поради минералите кои ги содржат, а особено селенот кој го поттикнува создавањето на бели клетки во кожата. Одлични се и во борбата против акните.