Се приближуваме до грејната сезона и актуелниот зимски проблем – загадениот воздух.
Во светот во кој живееме, при самото излегување од дома сме изложени на штетни гасови од сообраќајот и индустријата, на полен и прашина.
Но, истражувањата покажуваат дека тие честички толку многу се акумулираат и задржуваат во домот, што честопати воздухот во затворен простор е 2 до 5 пати позагаден од надвор.
Здравствени проблеми предизвикани од лош квалитет на воздухот
Шансите да го загрозите сопственото здравје со лошиот квалитет на воздухот може да бидат сериозно високи.
Најчести симптоми кои се појавуваат при дишењето на неквалитетен воздух се слични на обичната настинка:
  • Затнат нос
  • Кашлица
  • Главоболка
  • Вртоглавица
  • Малаксаност
  • Насолзени очи
Долгорочното изложување на неквалитетен воздух може да има многу посериозни последици, како што се:
  • Болести на дишните патишта
  • Срцеви заболувања
  • Рак
Па, како да го подобрите квалитетот на воздухот во затворените простории, каде всушност единствено може да го контролирате?

Прочистувачите на воздухот се уреди дизајнирани со серија висококвалитетни филтери, за прочистување на воздухот без никакво дополнително проветрување.
Додека воздухот поминува низ филтрите, сите честички се задржуваат за нив, наместо за вашите бели дробови и дишни патишта.
Примарните филтри низ кои поминува воздухот се наменети за задржување на поголеми честички прашина.
ХЕПА филтерот е високоефикасен филтер кој на себе ги задржува 99,97% од честичките со големина од околу 0,3 микрони. Честичките кои се задржуваат на овој филтер се од чад, вируси, бактерии, всушност сите оние кои ги предизвикуваат најсериозните оштетувања на белите дробови.
Филтрите со активен јаглен на себе ги задржуваат честичките од чад и кујнски испарувања.
Специфичниот филтер е оној кој има намена за финалното, фино прочистување на воздухот, односно за отстранување на токсините и непријатните мириси во просторијата.