Директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стефановиќ денеска на прес-конференција ја информираше јавноста дека во последните 24 часа на Клиниката за инфективни болести се третирани осум нови пациенти со симптоми на морбили. Од нив, двајца се хоспитализирани, а останатите  шест се пуштени на домашно лекување.

При оваа прес конференција Стефановиќ образложи дека во моментот на Клиниката има вкупно 20 пациенти заболени од морбили со потешка клиничка слика. Само едно дете е со потешка клиничка слика но, според последните информации, неговата состојба е стабилизирана.

– Апелираме сите граѓани кои не се сигурни во својот вакцинален статус и родители кои имаат невакцинирани деца, да се вакцинираат во најбрз можен рок, рече докторка Стефановиќ.

Поради зголемниот број пациенти заболени од морбили, во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит Пазар“ и „Ѓорче Петров“ се воведени дежурства од 19:30 до 07:30 часот, а за викендите ќе работат 24 часа.