Во САД бројот на починати од Ковид-19 надмина 48.000

Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во САД надмина 48.000, со просечно дневно зголемување на бројот на жртви од околу 2.000 во април. Според светките агенции, со оваа брзина,…

Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во САД надмина 48.000, со просечно дневно зголемување на бројот на жртви од околу 2.000 во април.

Според светките агенции, со оваа брзина, до крајот на неделава во САД од Ковид-19 ќе починат повеќе од 50.000 луѓе.

Вкупниот број заразени досега се доближува до 850.000, но денеска допрва треба да бидат објавени новите случаи во многу држави. Вчера беа пријавени повеќе од 30.000 новозаразени, што е просечно дневно зголемување за месецов.

Покрај зголемениот број жртви, во САД продолжува да се зголемува и невработеноста. Во последните пет недели повеќе од 26,5 милиони Американци побарале помош за невработени.


Related Articles