Др. Андоновска Марија денес на својот фејсбук профил објави пост на кој зборува за неспособноста на власта, особено на министерот за здравство Венко Филипче како и за нивната немоќ и незнаење. Таа посочува дека властите се полни со ароганција и елитизам, а она за кое се избрани да го работат, го забораваат и како што вели висат по пресови. Нејзининот фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

– Веќе на сите им е јасно дека поненародна власт од оваа, ниту имало, ниту ќе има! Нивната неспособност ја гледаме од првиот ден на нивното владеење. Да не грешам душа, не се баш за се неспособни.  За работа ДА, не ги бива, но затоа многу добро им оди со рекет, со тендери во четири очи за личен профит и со виткање кичма. Сето тоа зачинето со многу ароганција и елитизам. Деновиве нивната немоќ и не знаење доживува кулминација.

– За жал, истото е на штета на граѓаните. Сакаа со трули даски, покрив да изградат. Сакаа Холивудска популарност, а режираа несреќна аматерска “сапуница”. Венко во улога на Тарзан, наместо да излезе на терен да види со што се соочуваат докторите, стоматолозите, фармацевтите, од примарно, секундарно, терциерно здравство, да види како се организирани клиниките, кои се потребите, предностите и недостатоците на дневна основа и според тоа да донесува одлуки и да креира здравствена стратегија, тој “виси”по пресови и заборава која е неговата вистинска улога.

– На моменти се добиваше впечаток дека со умисла сакаше да привлече толку внимание кон него, за да дефокусира од реалноста. Едноставно како да им чува грб и стража, додека неговите пљачкаат и поткупуваат гласачи на терен!? Креираа хаос, во кој тие одлично се снаоѓаат и побрзаа на избори во матно. Е, тука пукна работата. Се скрши филмот, а режисерот целосно ја изгуби контролата, која и онака никогаш целосно ја немаше. Падна таванот од трули даски, им се сруши на глава.

– Тарзан не се снајде во Њујорк, а поткупувачите беа фатени на дело. “Блесна” и исполитизираната комисија за заразни заболувања, која наместо Хипократовата, ја следеше единствено партиската заклетва. Бројките на ново заразени и починати во плафон. Што се случи!? Економијата потона, а Короната стоо!

– Толку многу се занесоа и го изгубија тлото под нозе, што отидоа до таму и удрија по народот. Наместо да го заштитат тие го набедија народот, дека е непослушен, недисциплиниран и дека народот е крив што тие прогласија победа над вирусот, а бројките на заболени и починати и понатака екстремно се зголемуваат. Затоа гласно кажувам. Не, не и не! Не е виновен народот! Виновни се тие што ја водат државата. Тие имаат имиња, Зоран, Оливер,Венко,Рада …. Горе споменатите делат флаери со порака како првата битка ја добиле и ќе ја добиеле и војната!?

– Не треба да ни кажуваат дека успеале, туку да ни покажат! На дело, во реалноста, за која тие не се свесни, ни се случува голем потоп на секое поле! Безобразно и срамно манипулираат! Битката ни од близу не ја добија, а војната ќе ја добие народот! Народот ќе победи! Народот по кој удрија, ќе биде нивниот суд. Одговорност ќе има! До тогаш Бог нека е со Македонија, со ваква власт!