Гладуваат и се борат со сите непријатни изненадувања кои попатно ги следат за да обезбедат иднина на трите дечиња кои имаат кревко здравје, а едното од нив треба да се оперира, но немаат здравствено осигурување, затоа што нивната мајка не се пријавила навреме во Бирото за вработување и таткото ја губи работата.

Живеат од надоместокот што го земаат за трето дете. Семејството Митревски откако го изгубија нивниот дом во пожар, пет години живеат под кирија, имаат долгови и неплатени сметки, секој ден војуваат со ветерниците од нивниот живот. Најмалата ќерка која има две години е родена пред време и е болежлива.

И мајка му на Илија која живее со нив, која има завршено виша Педагошка академија, нема ниту еден ден работен стаж, и покрај тоа што е болна, се обидува да им помогне.

Семејтвото Митревски сега за сега преживува од благородните гестови на хуманите луѓе, родителскиот порив ги прави посилни за сурови битки со животот, но сепак останува неизвесноста, во која насока ќе продолжи животот на ова семејство.