Изгледа дека ова со ветувањата е заразно, започна Филипче, продолжија сите, цела влада ветува едно, се случува НИШТО, сега тоа се префрла и полека во локалната самоуправа. Започнуваме и тука со броење, ветување 238-мо на градоначалникот на Центар, додека на министерката за труд и социјала тоа е 8642-ро ветување. Броиме да се знае што се е ветено, што од тоа се работи и исполнува. Слушнете го најновото ветување од градоначалникот на центар и министерката на МТСП. Ако на поединечните ветувања никој не им веруваше, зошто мислат дека некој на здружно ветување ќе „падне“?

Градоначалникот на општината Центар, Саша Богдановиќ, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и претседателката на здружението на деца заболени од церебрална парализа, Марина Билбиловска, потпишаа меморандум за соработка. Тоа значи дека и официјално ќе се пристапи кон решавање на проблемот со привремено преселување и сместување на децата со церебрална парализа до изградбата на новото основно општинско училиште во Капиштец.

Децата што досега беа во Дневниот центар за лица со церебрална парализа, кој се наоѓаше во привремени простории на местото каде што веќе се гради училиштето, ќе бидат преместени во адаптирани простории до општинското основно училиште „11 Октомври“. Дислокацијата на дневниот центар е под директна надлежност на Министерството на труд и социјална политика, но општината Центар активно се вклучи во интерес на децата за потребите на Дневниот центар за лица со церебрална парализа, со што ќе им се обезбеди инклузивност во општеството.

Општината ја презеде обврската за урбанизирање на дворниот простор на училиштето во однос на специфичните потреби на корисниците на услугите од Дневниот центар. Овие деца ќе добијат соодветна пешачка патека од улицата до влезот во Дневниот центар, потоа пристап за комбе и најмалку две возила на корисниците на услугите. Во дел од дворот на училиштето за децата ќе бидат инсталирани спортски реквизити. Во план е и дворна површина за корисниците на центарот, кои ќе треба сами да водат грижа за садењето, уредувањето и одгледувањето на садниците, за да се усовршат и во совладувањето на таквиот тип вештини.
Општината Центар со одлука реши просторот во новото училиште да му се даде на трајно користење на МТСП за потребите на Дневниот центар за лица со церебрална парализа.

Сето ова вака спакувано убаво изгледа меѓутоа дали е тоа вистинската слика и дали тоа се вистинските заложби за лицата со церебрална парализа или е само уште еден трик за добивање поени во јавноста и добивање на популарност дека се грижиме за маргинализираните групи во општеството, со што останува да видиме. Нема да биде прв пат за МТСП, веруваме како граѓани дека нема да биде првпат и за градоначалникот на Центар, но дали ова ветување ќе стане стварност бидејќи е ветено на многу кревка и категорија на луѓе на кои им е потребна оваа помош ќе може да дознаеме и да бидеме сведоци во периодот што следи. Ние како граѓани НЕ веруваме повеќе додека не видиме НА ДЕЛО. – ги изјавија група граѓани од центар своите сомнежи и размислувања.