Администрацијата и помошно- техничкиот персонал вработен во рамки на клиниките во Комплексот Мајка Тереза денеска излегува на протест во 12:30 часот, а по тој повод во знак на поддршка нивните колеги од повеќе поликлиники во Скопје исто така излегоа на протест.

Имено вработените во администрација вработена во поликлиниките Ѓорче Петров, Букурешт, Чаир Бит Пазар и неколку останати денеска излегоа на протест во знак на поддршка на нивните колеги од комплексот Клиники Мајка Тереза кои денеска во 12:30 часот ќе протестираат поради незадоволството од нивните плати.

Револтираната администрација е револтирана поради тоа што не добиле зголемување на платата заедно со лекарите и медицинските сестри.

Тие во неколку наврати имале два обиди за средба со министерот за здравство Венко Филипче, но во двата случаи тој им ја откажал средбата објаснувајќи им дека има други обврски.

Инаку нивните плати се движат од 12 илјади до 20 илјади денари, а само во јавните установи во Скопје работат околу 6 илјади вработени.