По доделувањето на тендерот за стерилизација, според ВМРО-ДПМНЕ нема информација како министерот за здравство, Венко Филипче ќе го спроведува јавното приватно партнерство.

„Направиja физибилити студија, но не ја објавија, ветија состанок со надлежните од фелата неколку месеци пред објавување на одлуката, но таков состанок не се одржа! Ништо не е познато ниту на јавноста. Толку беше од таа транспарентност!“, вели Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат како се одбрани четирите центри за стерилизација, од кои два ќе бидат во Скопје, а останатите во Охрид и Кавадарци.

„Битола и Штип имаат клинички болници, а центрите за стерилизација ќе бидат во Охрид и Кавадарци. Замислете Охрид ќе ја прави стерилизацијата на Битола, која е логиката да се транспортираат инструментите од Охрид во Битола?! Која е логиката да се транспортираат инструменти од Кавадарци во Штип? Не се знае ни кога и како ќе стартува сето ова што вие го нарекувате јавно – приватно партнерство“, вели Николов.

Од ВМРО-ДПМНЕ го прашуваат министерот за здравство по која цена и како ќе се нудат услугите и кој ќе ја плаќа стерилизацијата на инструментите и бараат од него да излезете во јавноста и да објасни како ќе функционира системот.

„Или излезете, или напуштете ја функцијата! е пораката од ВМРО-ДПМНЕ до министерот Филипче.