„Ситуацијата со коронавирусот му излегува од контрола на министерот Венко Филипче. Наместо смирување на населението и превенција, Филипче со своите изјави создава само несигурност и паника помеѓу граѓаните. Остануваат многу дилеми меѓу населението, а Филипче не прави ништо по тоа прашање. Министре нејасно е зошто се обидувате да релативизирате, наместо уште при првата појава навирусот во Кина да се подготвите сериозно и да се организирате како што тоа го прават сите останати држави.

Филипче вели дека има основни материјали како маски, средства за дезинфекција, но сите луѓе се жалат. Овие основни работи како средства за дезинфекција на раце и соодветни маски кои треба да ги има вообичаено, во и пред секоја здравствена установа и кои тој е лично должен да ги обезбеди, ги нема ниту сега?! Зошто министре, зошто велите дека има кога нема? Зошто не се грижите да се набават овие средства да ги имаат сите од примарното здравство, матичните лекари па се до терциерното здравство?

Зошто сите лица кои работат на граничните премини немаат соодветна опрема за заштита? Како ќе се спроведува дезинфекцијата на јавните места, јавен градски превоз и слично? Имате ли министре евиденција колку лица влегле во државава од најзафатените подрачја со коронавирус преку граничните премини и аеродромите и зошто немате контрола над истите?

Има уште многу прашања, но да почнеме од она што требаше да се знае и да биде уште одамна организирано. Да имаше контрола на границите сега ќе немаше толку страв и паника кај граѓаните, а надлежните ќе имаа помалку работа. Превенцијата е поефтина од лечењето.

Одговори и одговорност треба да има, а зошто немало контрола на границата за тоа одговорен е токму министерот Филипче. Филипче потфрли со организација. На сета неорганизираност ќе се стави крај на 12-ти Април.“ – изјави Доктор Марија Андоновска