Ортопедските хирурзи со самиот почеток на оваа 2019-та година и со поминувањето на новогодишните празници ќе оперираат во нови и реновирани сали а добиле и поголем буџет за импланти.

-Планот на Клиниката е годишно да с еправат од 700 до 900 вакви интервенции, минатата година таа бројка беше намалена бидејќи имавме градежни активности на ортопедија се реновираа операционите сали. Меѓутоа добра вест е што сега во 2019 влегуваме во комплетно нови и реновирани три операциони сали и таа бројка ќе биде дуплирана, вели др. Виктор Камнар, раководител на Клиника за Ортопедија.

Хирурзите велат дека не постои возрасна категорија на пациенти кај кои не можат да бидат правени вакви интервенции. На Ортопедија вградувале вештачки колк и колено кај 17 годишник, а имале и операции кај лица постари од 90 години.

-Нема граница, сите возрасти се опфатени а постојат бројни индикации зошто завршуваат кај нас, начинот на живот, стресната состојба и секако живот без болка, бидејќи кај тие случаи е неопходна хируршка интервенција, вели др. Камнар.

На Ортопедија има доволно лекари за да нема застој во дијагностиката и хируршкиот дел. Но им фалат медицински сестри и болничари, што е проблем во речиси сите јавни здравствени установи.

Ако сето е во ред и нема никакви проблеми, во тој случај зошто пациентите чекаат и по половина година за ортопедска операција за замена на колк или зглоб. До кога ќе бидат манипулирани пациентите, а министерот ќе молчи, кога ќе објасни министерот зошто пациентите чекаа до сега и зошто министерот не изнајде некакво решение на овој проблем до сега?