СЗО: Вакцините против Ковид-19 би можеле да бидат помалку ефикасни против сојот Омикрон

Прелиминарните докази сугерираат дека вакцините би можеле да бидат помалку ефикасни против инфекции и преносот поврзани со омикрон сојот на коронавирусот, кој има поголема способност за реинфекција, соопшти денеска Светската…

Прелиминарните докази сугерираат дека вакцините би можеле да бидат помалку ефикасни против инфекции и преносот поврзани со омикрон сојот на коронавирусот, кој има поголема способност за реинфекција, соопшти денеска Светската здравствена организација.

СЗО наведе во неделното епидемиолошко ажурирање дека се потребни повеќе податоци за подобро да се разбере степенот до кој омикрон може да го избегне имунитетот стекнат со ковид или вакцини, објавија светските медиуми.

– Како резултат на сето ова, вкупниот ризик поврзан со омикрон останува многу висок, се додава во извештајот.


Related Articles