Националниот Институт за храна во Албанија денеска блокираше 5о тони месо пристигнато од Бразил поради присуство на бактеријата салмонела. Останува отворено прашањето дали постои можност отровно месо да влезе во Македонија.

Во текот на оваа година Институтот на Албанија по направените анализи на месото што се увезува од Бразил блокирал и уништил уште 13о тони телешко месо во кое е утврдено дека исто така имало салмонела.

Последните месеци албанскиот Институт за храна врши ригорозна контрола на месото бидејќи честопати трговците увезуваат месо кое е проблематично за исхрана. Оваа институција, исто така, пред извесно време воведе и голема контрола на кланиците во Албанија.