Едно лица почина, а двајца се повредени во пресметка со огнено оружје во Мала Речица. Според инфрмации на zdravstvo.mk еден од двајцата повредени 22 годишно момче од Куманово е во критична состојба и е хоспитализиран на КАРИЛ. Имал огнострелна рана на градниот кош во близина на срцето, вториот повреден се здобил со полесни повреди на ногата и по укажаната помош според неофицијални информации се наоѓа во полициска станица каде најверојатно дава исказ за инцидентот кој околу 18.20 минути се случил во Мала Речица. Починатото лице е на 47 годишна возраст од Куманово.Тој им подлегнал на повредите во Клиничката болница во Тетово.