Новиот сој Омикрон потврден во 77 земји во светот

Новиот вид на корона вирусот, омикрон се шири со невидена брзина во Светот, предупреди Светската здравствена организација, истакнувајќи дека случаи на овој сој се потврдени во 77 земји. Сепак, генералниот…

Новиот вид на корона вирусот, омикрон се шири со невидена брзина во Светот, предупреди Светската здравствена организација, истакнувајќи дека случаи на овој сој се потврдени во 77 земји.

Сепак, генералниот секретар на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, на прес-конференција во вторникот рече дека омикрон веројатно е присутен во други земји каде што сè уште не е откриен. Тој изрази загриженост дека се чини дека не се прави доволно за да се контролира овој вид, пренесуваат светските медиуми.

„Досега научивме да го потценуваме овој вирус. Иако омикрон предизвикува поблага клиничка слика, огромниот број случаи може повторно да ги надмине неподготвените здравствени системи“, предупреди Тедрос.

Тој ја повтори својата загриженост поради нееднаквата распределба на вакцините во богатите и сиромашните земји.


Related Articles