„Доста се нагледав како сиромашните и оние кои немаат пари ни умираат по клиники затоа што немаат пари да платат преглед на доктор. Каде ни се изгуби хуманоста и човечноста кај сите нас”, пишува на својот фејсбук профил Јово Бурнески, лекар од Прилеп, кој апелира до министерот за здравство, Филипче формирајте солидарен фонд за социјално загрозените.

Тој е подготвен, и посочува дека лично прв ќе ја донира својата докторска плата.

Ве замолувам господине Венко Филипче и министерството за здравство веќе долго време да формирате солидарен фонд. Јас…

Gepostet von Јово Бурне am Freitag, 8. Februar 2019

Апелот на др. Бурнески доаѓа по, сега веќе повлечениот предлог, на министерот Филипче, државата да ги покрива трошоците за интервенции кај лица кои сакаат да го сменат полот.

Филипче го повлече предлогот по реакциите во јавноста, меѓу кои и укажувањата дека менување на пол е работа на избор, а пружање здравствена нега е обврска на државата