Надлежните за справување со корона вирусот се без компас. Глумењето нормализација води само кон ширење на заразата.
Вонредна состојба во државава се прогласуваше и кога имаше триесеттина новозаболени на ден, а сега кога имаме четири пати повеќе ситуацијата е нормалност, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна доктор Лазо Јовчески.

-Во моментов активни мерки за спречување на ширење на вирусот скоро и да нема. Мерките во моментов се недоволни, и очигледно и нејасни за граѓаните. Не може да се глуми нормалност кога гледаме како бројката на новозаразени со корона вирусот околу 10 проценти од тестираните, а достигна и околу 20 проценти од тестираните лица. Ова говори дека многу порано требаше да се спроведува она што го предлагавме – поголем број на тестирања на населението. Мора да има масовен скрининг на населението затоа што од ден на ден се поголем е бројот на новозаболени медицински лица. Недозволиво е глумење на нормализација, вели Јовчески.

Тој додава дека нема нормализација затоа што бројката на новозаболени на ден е огромна, има и по неколку починати, а бројката на оздравени од корона вирусот е незначителна. Едно е јасно, сега кога има високи бројки на новозаболени здравјето мора да се стави над се и пред се!