Во моментов се тестираат 12 пациенти, двајца на инфективната клиника се дојдени со знаци на грип и двајцата патувале во Италија и дошле здрави пред пет, шест дена, ова денеска на прес-конфереција го истакна министерот за здравство Венко Филипче.
Тој додава дека тие во текот на утрово развиле симптоми на коронавирусот.
-Се тестираат и осум лица од Дебар кои што се соседи на тројцата заболени и хоспитализирани лица од пред неколку дена кои живеа куќа лепенка до нив и имале интензивни контакти со пациентите во Дебар. Се тестираат и уште двајца пациенти на инфективното одделение во Штип, едниот е пациент од Кочани со знаци на грип кој што патувал во Италија и еден пациент кои што е испратен преку центарот за јавното здравје во Прилеп, за некаде два часа ќе бидат готови сите резултати по што ќе биде информирана јавноста, рече Филипче.