На 25-ти Јануари секоја година се одбележува Светскиот ден на медицинските сестри кои се специјализирани исклучиво за давање инфузија или „Intravenous Nurse Day” и се вистински професионалци кои скоро без грешка и со неверојатна техника го извршуваат овој многу чувствителен процес на поставување на инфузија.
Друштвото на Медицински сестри специјализирани за инфузија брои 7000 членови низ светот во повеќе од 40 држави. Приближно 3500 од нив се сертифицирани како солидни. За да се постави инфузија правилно, медицинската сестра мора внимателно да му пристапи на пациентот, да го одбере соодветниот систем за инфузија и да обезбеди високо ниво на нега откако ќе ја постави инфузијата.
Исто така овој тип на медицински сестри се задолжени на пациентот или на оној кој ќе ја превземе понатамошната негова грижа да му обезбедат доволно информации за тоа како да се однесуваат со системот и зошто е добро пациентот да ја прими инфузијата ако биде отпуштен од болничката установа. Токму поради фактот дека одреден раствор влегува во крвотокот на еден човек преку системот за инфузија, било каква компликација поврзана со овој процес може да значи живот или смрт.
На овој ден се оддава признание на целокупната работа на медицинските сестри специјализирани за инфузија. Тие претставуваат важен дел од секој медицински тим и со нивната професионална работа останатите членози од тимот можат да се сконцентрираат на својот дел од работата. Токму поради нивното искуство, тие штедат пари и труд бидејќи во 99% од случаите инфузијата е успешно поставена уште од првиот обид. На тој начин ги намалуваат трошоците, ризикот од компликации, а најважно од се пациентите се смирени, посталожени и посреќни бидејќи знаат дека за нив се грижат професионалци со огромно искуство.