Наместо да прекине со работа или да се водат само најитните судења, Кривичниот суд се фали дека ќе дезинфицирале два пати неделно?! Се прават малверзации и со итноста на дел од процесите, велат извори од судот за Курир. Случаи кои не се итни, туку политички, се квалификуваат како наводно итни поради тоа што соддржеле мерка притвор, а „притвореникот“ во случајот е во политички азил во друга земја?!
„Судници, ходници, санитарни јазли, шалтери и сите останати простори во новата и стара зграда на Кривичен суд – Скопје, денеска и во петок на 20 март ќе бидат темелно дезинфецирани,“ информираат од Кривичниот суд – Скопје.
Ова е помпезната најава на судот, кој согласно препораките на Владата ќе вршел дезинфекции секоја среда и секој петок, се додека постоела потреба…
Заборавија ли да кажат зошто во ситуација на светска пандемија и засега 31 заболен во државата (бројките за жал можат да се сменат секој момент), во време кога се очекува глевниот пик на заразата, тие работат редовно, а Судскиот совет понизно молчи и не и контрира на владата.
Во период кога Македонија е единствена земја во целиот регион која не прогласува кризна или вонредна состојба, дали судот е принуден да работи за да Владата на СДСМ продолжи да се пресметува со своите политички опоненти?
Во продолжение на патетичното соопштение со кое се правдаат зошто со затворени аеродроми и во критичен период се уште работат, Кривичен вели: „Воедно за заштита од ширење на корона вирусот како и здравјето на странките и вработените во институцијата, судот обезбеди средства за дезинфекција достапни на секој шалтер, а секој службеник кој има директен и непосреден контакт со странките е задолжен да носи стерилни ракавици и медицинска маска.“
Судот, докажувајќи ја понизноста кон владата и нелогичниот спој на учинок на судската кон извршната власт уште упатува апел до сите адвокати, обвинители, вештаци, сведоци и останати странки, доследно да ги почитувале и да се придржувале кон препораките на Владата, со ниту еден збор не барајќи или барем предложувајќи да престана да работат или да се водат само најитните процеси.
Извори за Курир велат дека политичките процеси на СДСМ, насочени контра опозицијата и онака имаат проблеми со оддржувањата, затоа што адвокатите и судиите ги користат можностите произлезени од мерките за коронавирусот.
И покрај тоа, велат изворите, судиите не сакат ни да слушнат за одлагања, па уште од сега закажуваат и по неколку рочишта, иако не може да се прогнозира прогресијата на заразата.
Изворите велат дека и образложенијата се најечесто правно неиздржани и нелогични. Се повикуваат на итност на процесот затоа што случајот имал мерка притвор, на пример во случај во кој се работи за екс премиерот Никола Груевски, кој е во политички азил во Унгарија?! Друго перфидно образложение за итноста бил „фактот“ што државата морала да земе нечиј имот, а ако не го сторела тоа бргу ќе била оштетена?!
Очигледна е позадината и притисокот на власта на СДСМ врз Кацарска судството кое треба да испорача пресуди пред изборите, кога и да изборите се оддржат и колку и да случаите и процесите се неаргументирани и не соддржат никакви докази, темелени на голи индиции од „бомбите“ на Заев, велат извори од судските кулоари за Курир.
Владата директно се вмеша во работата судството, но вината е кај Судскиот совет кој понизно молчи, потврди во интервју за Курир и проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска, коментирајќи ја небулозната владина ноншалантност во однос на продолжувањето на судењата и оддржување рочишта во состојба на светска пандемија на коронавирусот.
Познавачите на состојбите предупредија и дека ова се случува поради очигледната потреба на СДСМ судот да изигрува дел од нивниот партиски пи-ар во предизборната кампања, па затоа го „траска“ и во време на зарази. Проблемот е уште поголем што изборите најверојатно ќе се одложат, но СДСМ и натаму не се откажува од „ветерот в едра“ од судските алатки на т.н. Кацарска судството?
Каракамишева-Јовановска: Кој ќе сноси одговорност доколку меѓу судиите и странките се прошири епидемијата на коронавирус?
Симптоматично е тоа што препораките на владата во врска со заштитата на вработените од вирусот Ковид-19 важат за сите, но не и за судиите, судиите-поротници, адвокатите, и другите странки во судските случаи, вели универзитетската пофесорка Тања Каракамишева-Јовановска за Курир..
„Министерката за правда пред две недели директно се замеша во работата на судовите кога практично потврди дека нема да има одложувања, ниту прекин на рочиштата.
Тогаш јавно прашав – дали судиите се надлуѓе за владата и за нив не треба да важат препораките или судиите се заморчиња на власта кои мора да го испорачаат политичкиот прогон кој што е во интерес на власта?
Прво, неприфатливо беше директното вмешување на владата во работата на судовите. Додека Судскиот совет понизно молчи и не презема ништо во насока на заштита на судиите и судската администрација, владата директно се вмешува во работата на судството кршејќи го начелото на независност на судството“ посочува професорката по Уставно право за Курир.
„Второ, паѓа во очи неодговорноста на членовите на Судскиот совет кои во услови на пандемија не преземаат конкретни чекори во насока на заштита на судиите. И оние мали преземени активности за заштита, во смисла исклучување на јавноста од судењата, држење на растојание меѓу странките, дезинфекција на судовите и слично беа извршени преку ургенција на владата, а не на Советот. Се добива впечаток дека во периодов Судскиот совет буквално како да не постои, како да не работи.
Трето, додека Советот на јавните обвинители и државниот Јавен обвинител излегоа со конкретни упатства како да се продолжи со работата на јавните обвинители во кризните подрачја, но и во другите градови, Судскиот совет седи со скрстени раце и чека соопштение или насоки од министерката,“ нагласува Каракамишева-Јовановска, оценувајќи дека овие потези се многу неодговорни и несоодветни за функцијата и тежината на времето во кое се наоѓаме.
Професорката од Правниот факултет во Скопје јавно прашува:
„Кој ќе сноси одговорност доколку меѓу судиите и странките се прошири епидемијата?
Дали политичкиот прогон на опозицијата за власта е поважна задача од заштитата на здравјето на луѓето?
Зошто никој не ги зема предвид барањата на Адвокатската комора за прекин на рочиштата?
Дали времениот прекин на судењата е навистина голем проблем на власта во смисла што нема да можат да ги испорачаат сите политички нарачки преку судовите?“
Проф. д-р Каракамишева-Јовановска вели дека најважно прашање е – кој ќе преземе одговорност во случај на ескалирање на состојбата со вирусот меѓу странките во постапките?
Дали е крајно време во услови на светска пандемија на коронавирус партијата на власт, која според нивниот лидер го „расцвета ко пупка“ судството, да престане да го „траска“ истото и конечно да ги стави на прво место интересите на граѓаните и нивното здравје, наспроти личните и теснопартиските интереси?