Кај средношколците постои интерес да го учат јазикот на етничката заедница на која не припаѓаат. Заедничките часови во 4 средни скопски училишта покажале дека соживотот и меѓусебното почитување се достигнува само преку учење на различностите одблиску. 450 ученици биле опфатени со оваа иницијатива во второто полугодие од ланската учебна година.
Етничка поделба по паралелки во училиштата е резултат на инциденти меѓу учениците, но министерот за образование смета дека постои волја примерот на градот Скопје да го следат и другите општини.
Иницијативата на град Скопје е поддржана од претставниците на УСАИД и ОБСЕ кои најавија понатамошна поддршка за интегрираното образование.