Дали има некој во ваша близина кој не сака италијанска храна? Така и си мислевме!
И во нашето опкружување, сите обожаваат тестенини на овој или оној начин, пица, италијански сладоледи … Шаренолика, како што е Италија, нуди безброј гастрономски опции. Затоа ви подготвивме јадења кои мора да ги пробате кога сте во оваа земја. Се разбира, пицата се подразбира, затоа и ја испуштивме со тоа што повеќе се фокусиравме на некои други италијански јадења. Затоа што, земјата на тестенините ќе ви сервира работи на чинијата кои не можете ни да ги замислите, а се многу вкусни.
Биголи
Мислевте дека шпагетите се вкусни? Тогаш не сте пробале биголи, шпагети кои се специјалитет на Венеција.
Риболита
Оваа „зимска“ супа која потекнува од Тоскана е обожавана од сите. На вас останува со што ќе ја направите, но традиционално се подразбира мешавина од зеленчук (кељ и домати се примарни), грав и стар леб. Можете по избор да додадете месо или риба, но ако сакате да се придржувате до оригиналниот рецепт, тогаш изоставете ги. Таман да ја вратите енергијата после долгите прошетки и разгледување.
Ризи бизи
“Risi e bisi” значи ориз и грашок. Ова јадење не е нешто софистицирано, но е многу вкусно. Состојките се готват во супа од зеленчук, а резултатот е чинија добро избалансирана, лесна и омилена кај вегетаријанците. Сепак, убедени сме дека вашите мајки ви правеле ризи-бизи, зарен не?
Тортелини ен Бродо
За многу семејства во северна Италија, Тортелини ен Бродо е задолжителен оброк во сите прилики. Се сервираат во крем сос, посипан со ситно рендан пармезан.
Канедерли
Се прават од бајат леб, јајца, млеко и месо. Овие зачинети топки се преливаат во бистра супа. Тие се слични на нашите ќофтиња, само со помалку месо.
Осо буко ала Миланезе
Ако морате да пробате една чинија со месо во Италија, тоа нека биде Осо буко. Не можете да промашите со телешко месо, кое е споро готвено во вино.
Качиуцо
Не сте особа која сака риба? Качиуцо ќе го промени тоа. Зачинетата морска храна се врзува за местото Ливорно, а школки, ракови и октопод во сос од домати е нешто на што не ќе можете да одолеете.
Фокачиа ди реко
Едноставен рецепт наречен Focaccia е ароматична погача која оди одлично со маслиново масло и сирење.