Пациенти од Скопје се праќаат на операции во кумановските болници. Ваквата информација ја потврди и министерот Венко Филипче. Причината, вели, била реконструкција на операционите сали во специјалната болница по Хируршки Болести „Св. Наум Охридски – Скопје“.
Во меѓувреме во кумановската болница има нов случај на МРСА, потврдуваат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Сепак, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат смируваат дека простор за паника нема, бидејќи се преземени сите неоходни мерки.
Во меѓувреме, од кумановската болница на домашно лекување е пуштена и пациентката каде е пронајдена оваа бактерија.
Епидемиолозите велат дека МРСАТА е опасна само во случаи кога заболениот има и други болести, па бактеријата може да доведе до сериозни компликации. Таа е болничка бактерија која се јавува како последица на несоодветно користење на антибиотици. Претходно, имаше неколку случаи на МРСА во неколку градинки и училишта низ земјава.