Во текот на ноќта додека спиеме во нашето тело се излачува мелатонин, а за неговото создавање потребно е да се спие во целосно затемнета просторија.

Мелатонинот е хормон кој што му помага на нашето тело да го активира масното ткиво кое произведува топлина, а со самото тоа се согоруваат повеќе калории.

До неодамна се сметало дека адипозното масно ткиво кое помага во терморегулацијата на телото го губиме уште во детството, но најновите студии покажале дека и возрасните луѓе сеуште го имаат и тоа е она исто масно ткиво кое се активира со вежбање или изложување на ниски температури.

За да слабеете и додека спиете, лекарите препорачуваат да спиете во проветрена соба без греење а при тоа таа да биде целосно затемнета.

Темнината ќе го активира мелатонинот, а ниската температура на воздухот ќе го активира адипозното масно ткиво кое пак заедно со мелатонинот ќе овозможи лесно губење на килограмите дури и кога спиете.