За ризиците за бременоста во четвртата деценија од животот сите сме свесни, а особено жените кои се решиле на таков чекор. Тие сигурно се консултирале со своите матични гинеколози, но она што сигурно не го бараат се бабините деветини и „добронамерните“ совети на околината.
Жените кои забремениле по 30-та, а особено по 35-та година од животот постојано се „бомбардирани“ со приказните за ризична бременост, тешко зачнување, зголемен ризик за спонтан абортус или предвремено породување, како и за тешко постпородилно закрепнување.
Секако, сосема е нормално да се зборува за овие можни проблеми, но медицината е доволно развиена за да може и жените во 4-та и 5-та деценија да износат нормална бременост и да родат здрави деца.
Но, ова се „нуспојавите“ за кои малку се зборува:
– Постои голем ризик да се изнервирате кога ќе чуете нечиј бисер на мудроста за мајките постари од 35 години
– Свесни сте за ризиците, но и за предностите: постабилни сте како личност, позрели и финансиски сигурни