Една неодамнешна студија објавена во списанието Nutrients сугерира дека ако сакате да спречите зголемување на телесната тежина, можеби ќе треба да размислите колку е паметно да ја прескокнете вечерата. Истражувачите во Јапонија ги разгледале податоците за времето на оброците за над 25.000 студенти, проценувајќи ги ефектите од прескокнувањето оброци.

Во временска рамка од три години, тие откриле дека прескокнувањето на вечерата е најголемиот предиктор за зголемување на телесната тежина и подоцна развој на дебелина – но прескокнувањето на појадок или ручек не ги покажува тие асоцијации. И за мажите и за жените, прескокнувањето на вечерата резултираше со зголемување на телесната тежина од најмалку 10 проценти, пишува Eat This Not That.

– Многу студии покажаа поврзаност помеѓу ниската фреквенција на јадење, што значи прескокнување оброци и прекумерната тежина, вели коавторот на студијата, д-р Тошики Моријама, професор на Универзитетот во Осака.

Она што е важно овде е дека избегнувањето на последниот оброк во денот навистина има ефект врз телесната тежина. Една можна причина, вели тој, може да биде тоа што ако не вечерате, поголема е веројатноста да ги зголемите калориите следниот ден. Исто така, може да постои силна врска помеѓу квалитетот на јадењето и прескокнувањето на вечерата, асоцијација што исто така ја истакнаа претходните истражувања.

Општо земено, се чини дека најдобриот пристап за спречување на зголемување на телесната тежина е да ги распределите вашите калории во текот на денот.

– Едноставно кажано, зачестеноста на вечерата може да биде критичен фактор на животниот стил за спречување на дебелината, исто како и појадокот, вели д-р Моријама.