Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПНЕ.
„Здравствениот систем со Владата на СДСМ доживеа колапс.
Министерувањето на Венко Филипче поминува во знакот на сомнителни тендери и распродажба на јавното здравство.
Се што вети Заев и Филипче не исполнија. Не направија ништо за јавните здравствени установи, ниту реновираат, ниту опремуваат. Нема ништо од новиот клинички центар.
Здравствениот систем според владата на СДСМ функционира со „ЌЕ“. Наместо подобро здравство, пациентите од СДСМ добија само криминални тендери.
Мерката со која се фали Филипче за укинување на квотите на лекови, не се знае како ќе продолжи самата реализација.
Време е да се стави крај на овој хаос, време е да се распишат предвремени парламентарни избори и да започне обнова на Македонија“.