Печурките, се најдобар извор на антиоксидантите ергосеин и глутатион. Шампињоните, од друга страна, содржат помала количина од овие антиоксиданти, но сепак, повеќе од друга храна.
Кога станува збор за други намирници, ергосеинот се наоѓа и во црн грав, овесни трици и џигер, додека аспарагусот, авокадото, спанаќот, бамјата и брокулата претставуваат добар извор на глутатион.
Авторите на студијата забележуваат дека кај луѓето чија диета содржи повеќе ергосеин (на пр. кај Французи или Италијани) може да се забележи помала зачестеност на болести како што се Паркинсонова и Алцхајмерова болест.
Претходните истражувања, исто така укажуваат дека, покрај намалувањето на ризикот од невродегенеративни заболувања, ергосеинот и глутатионот имаат корисен ефект врз здравјето на црниот дроб, бубрезите и кардиоваскуларниот систем.