Наместо да купувате, за поздрав живот практикувајте да исфрлате работи од домот. Постојат десет работи од кои доколку се ослободите на време ќе си помогнете себе си, но и на вашите најмили.
Освежувач за воздух
Содржи хемиски супстанци кои се опасни за луѓето. Тие штетни материи буквално го уништуваат репродуктивниот систем и организмот во целост. Непријатните мириси никогаш немојте да ги маскирате со хемикалии.
Стар долен веш
Ако поминале повеќе од 12 месеци, ако веќе не се сеќавате кога сте ги купиле, ако ластикот е попуштен и премногу затегнат, ако имаат флеки и дупчиња – веднаш фрлете ги! На стариот веш се акумулираат бактерии, остатоци од детергенти..
Пласитичен прибор за јадење
Постојат хемикалии кои можат да се налепат на храната која ја јадете, а се штетни за срцето, имунитетот.. Обидете се да не јадете од пластични чинии, не чувајте сокови во платични шишиња.. Пластиката заменете ја со стакло!
Антибактериски сапун
Може да биде голема опасност во вашиот дом. Според неколку истражувања, триклозанот, активна состојка во антибактериските средства за чистење, го регулира излачувањето на хормоните кај животните и може да развие отпорност кај антибиотиците кои ги користат луѓето.
Млеко за тело со поминат рок
Хемикалиите кои ги блокираат сончевите знаци со текот на времето се уништуваат. Така што истото млеко за тело ќе го нема истиот ефект ако го користите две години по ред.
Четка за заби постара од три месеци
Четките за заби се опасен извор на бактерии.
Валкани кутии од леќи
Менувајте ги најмалку еднаш во три месеци. Не дозволувајте да се соочите со инфекција на окото.
Перници постари од две години
Замислете само колку бактерии, козметика, креми и лак за коса се собира на вашата перница. Во перниците може да живеат околу 150 видови на инсекти и бактерии. Колку и да ви е удобна перницата, еден ден мора да ја фрлите.
Патики за трчање постари од шест месеци
Ако секој ден носите патики и во нив трчате околу половина час, тоа значи дека мора да ги менувате на секои шест месеци. Така би избегнале и повреди, но ако не сте спортски активни, тогаш можете тоа да го правите и еднаш годишно.
Даска за сечење месо и зеленчук
Ако случајно се исечете со нож, на даските многу брз ќе се размножат бактерии кои ќе се пренесат и на останатата храна. Неопходно е даската да ја фрлите или добро да ја дезинфицирате.
Најголемата опасност!
Не заборавајте дека најопасно по здравјето на вашето дете во домот се паметните телефони. Ова не е шега. Знаеме дека во денешно време не можеме без мобилниот, но ве советуваме да го користите многу ретко. Експертите советуваат кога ќе влезете во домот телефонот неколку часа да го оставите во ранецот или чантата и воопшто да не го користите. Така на мозокот ќе му дозволите да се одмори.