Загрижувачки се податоците од ,,белата чума” во Македонија. Пет илјади и двесте помалку новородени бебиња во првите девет месеци споредбено со истиот период лани.
Македонија останува земја на пензионери, а цели семејства ја напуштаат татковината со надеж за подобро утре.
Само во првите девет месеци од годинава се родени 1447 живороденчиња помалку од истиот период лани. Пред десет години наталитетот скокнал за 3,2 отсто од 2008-та, но оттогаш наваму „белата чума“ зема се поголем замав.
Ако во 2009-та се родени скоро 24.000 деца, годинава таа бројка ќе се спушти и до 20 илјади, што значи дека за прв пат годината ќе ја завршиме со негативен природен прираст.
Само скопскиот и полошкиот регион се со позитивен наталитетен биланс. Но и тука последните години опаѓа бројот на новороденчиња. Дури и во повеќето општини каде мнозинството се Албанци годинава прв пат забележуваат низок природен прираст. Меѓу нив се Гостивар, Кичево, Боговиње и Врапчиште.
Според последните официјални податоци на ДЗС, во 2018 се регистрирани 21.133 живородени деца, односно 2 проценти помалку од 2017-та. Проблемот за „белата чума“ се лоцира во образовниот процес и системот за унапредување. Нашите кои што заминуваат во странство иако се високообразован кадар, околу 70-80 отсто, не започнуваат на оние работни места со високо образование што би ги имале кај нас.