Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје синоќа остана без струја. Причина беше големиот дефект на трафостаницата во Козле кој голем дел од центарот на Скопје го остави без струја. Но, во вакви ситуации за многу краток период во овие здравствени институции се вклучува агрегат. То ане беше случај синоќа на Клиниката за гинкологија и акушерство. Во тој момент ка Клиниката имало оперативен зафат кој бил извршен буквално на среќа.
-Едноставно се импровизираше. Она што е недозволиво е да не се вклучи агрегатот. Сето време додека во околина немаше струја во станбените згради, куќи ист беше случајот и на Клиниката. Тоа е несфатливо, некој мора да одговара, вели нашиот извор.
Но, не станува збор само за операцијата која била во тек и едвај се извршила.
-Сето тоа време беа загрозени животите на бебињата во инкубатор и оние кои се респиратор. Имавме случај во кој беа загрозени животи на бебиња, додава изворот.
Големиот дефект на трафостаницата Козле го остави без струја центарот на Скопје. Струја немаше од Водно до Илинденска.