Имав големи болки во ногата, отидов кај матичната во Здравствениот дом во Кочани каде и што живеам, но таа ми рече дека нема термин за да ми направат рентген снимка, и ме праша дали сакам да одам во Виница. Се разбира и реков, мора да одам неподнослови се болките. Без рентген снимката пак ми рече нема што да се прави. Но, во Виница доживеав нешто многу непријатно, третманот беше многу лош. Сведочи Милица од Кочани која како што вели тоа што го доживеала во Здравствениот дом во Виница најблаго речено е ненормална работа. Вознемирена, Милка раскажува, не можам да се соземам од дрскоста на директорот, да избрка итен пациент и тоа со упат и термин“.
-Замислете јас сум само пациент кој има мака, одам со упат, со термин и директорот почна да ми вика, буквално се дереше на мене. Едноставно ме избрка од канцеларијата. Не знам зошто таков однос, само побарав да ме сликаат на рентген за да ми се постави дијагноза и да знам што да правам. Не можам да стојам на нозе, сведочи Милка.
Таа ја објаснува целата ситуација со која се соочила во Виница.
– Одам на рентген во Виница, со упат со термин, вработените седат. Јас едвај стојам никој не се помрднува им го давам упатот и изгледа кога видоа дека доаѓам од Кочани почнаа да ми викаат – „Зошто доаѓаш тука, тие таму кај вас што прават, што сте дошле тука од ова не се умира…“ Останав без зборови не знаев што да им кажам, вели Милка која како што објаснува едвај собрала сила за да им каже дека таму немало термин и оти морала да се слика па затоа и е даден упат со термин за Виница.
Бидејќи зборуваа на многу висок тон, вели Милка, ми требаше малку време да дојдам на себе и одлучив да се обратам кај директорот.
-Зажалив. Не знам што да ви кажам друго зажалив што отидов кај директорот. Тој се покажа многу полош во однесувањето од вработените на рентген. Го прашав зошто такво однесување дали има некоја пречка што е пациент од Кочани, а доаѓа во Виница зошто кај нив нема термин. Дрско ми се обрати „има како нема, зошто тука да се сликаш“, раскажува Милка.
По ова Милка одлучила да замине од Здравствениот дом во Виница и да се врати во Кочани.
-Морав затоа што таму не можев да чекам, а дополнително имам и тромбоза на нозете, плус и повредата, револтирано говори Милка за својот случај.
Милка објаснува дека по ова се вратила во Кочани каде со молење и со инстистирање конечно и била направена снимка на ногата.
Од надлежните нема одговор за ваквото однесување. Одговор треба да следи, велат од лекарската фела, зошто ова го отвора прашањето кои се лица се на раководни функции во јавното здарвство.
-И за нас како медицински лица има правила на однесување, а за вакви случаи треба да се погрижат надлежните за менаџирање со здравствените институции, вели лекар.