Во Здравствениот дом во Пехчево функцијата вршител на должност директор ја поседува Богдан Стојановски иако тој не е вработен во иституцијата, а според законот за јавни претпријатија оваа функција може да ја добие само лице вработено во истата институција.

До редакцијата на КУРИР пристигнаа информации кои отвораат простор за сомнеж дека со неговото поставување на функцијата е прекршен законот за јавни институции и законот за здравство.

Стојановски станува вршител на должност директор со одлука на министерот за здравство Венко Филипче, без воопшто да се пријави на конкурсот.

Како што е наведено и во самото решение, на конкурсот за именување на директор се пријавуваат три лица: Даниела Георгиевска-Капушевски (во моментот вд директор), Ирена Тодоровска и Биљана Стефановска. Но, Филипче констатира дека ниту една од нив нема да ја именува за директор, па го вади “од ракав“ Богдан Стојановски. Го именува за в.д. директор на период не подолг од шест месеци.

За се да биде уште поконтраверзно, лицето Богдан Стојановски е и претседател на Управниот одбор во здравствениот дом во Пехчево. Според законот за јавни установи овие две функции се неспоиви по член 43 од законот за јавни институции.

Друг спорен сегмент од постапките на Филипче е неговата одлука досегашниот вршител на должност Даниела Георгиевска Капушевски која се јавила на конкурс за избор на директор во истата установа и ги исполнува сите услови да биде избрана за директор, но министерот не врши избор на директор туку поставува вршител на должност и тоа надвор од институцијата, обелоденува нашиот извор.

Се поставува прашањето колку пати ќе се крши законот?

Како што дознава КУРИР, истиот човек Богдан Стојановски работел во фирмата Рудине од  Делчево и се уште не е одјавен од Рудине (до 5.12.2019 година), а решението за назначување му е од 19.11.2019 година, како и разрешувањето на поранешната вршителка на должност, Даниела Георгиевска Капушевски. Значи од 19.11.2019 година па до 5.12.2019 година Богдан Стојановски има три функционерски места кои се неспоиви.

Дека ги врши истите функции, кои никако не смее заедно да ги извршува, може да се види и преку неговиот анкетен лист, каде јасно е наведено дека истовремено е и претседател на управниот одбор.

Во продолжение можете да погледнете и какво богатство поседува ова лице, очигледно омилено на здравствените власти.

Според нашите извори, вработените во здравствената установа постојано се под притисок на незконски назначувања, па не можат да си ги вршат своите работни задачи.

Вработените во установата се надеваат дека некогаш ќе биде назначен директор кој ги исполнува условите од огласот.