Oвој чај може значително да придонесе за ослободување на телото од прекумерната тежина, секако и со правилна исхрана и малку вежби. Покрај топењето на маснотиите, циметот ја забрзува и работата на метаболизмот.

Одлична работа кај овој чај е тоа што е целосно природно решение и не постои ризик од негативни последици. Ако сте решиле да се ослободите од акумулираните килограми, време е да го вклучите овој зачин во својата исхрана. Циметот има голем број придобивки за организмот, а на врвот на листата е борбата со постојаните маснотии.

Истражувањето спроведено во 2012 година покажало дека овој зачин е силен согорувач. Покрај тоа, добро е за зајакнување на имунитетот и намалување на нивото на шеќер и холестеролот во крвта. Циметот го зголемува нивото на енергија, ја подобрува циркулацијата и го намалува гладот.

За подготовка на чајот, ќе ви биде потребно:

Чаша вода
Лажичка мед
Половина лимон
1 стапче цимет

Лимонот и медот во комбинација со цимет даваат феноменални резултати во слабеењето и во оваа комбинација лежи тајната на успехот.

Подготовка:

Ставете стапче од цимет во вода и почекајте да зоврие. Потоа додадете мед и исцедете го лимонот. По желба може да додадете и малку ѓумбир или бибер за уште подобар ефект. Пијалокот за слабеење е подготвен. Консумирајте една чаша на ден. Најдобро би било тоа да биде наутро.