Наместо да ја фрлите, измијте ја добро и искористете ја! Симпатичната кора од лубеница е добар сојузник на здравјето!
Поради слаткиот вкус ја сместуваме во групата на овошја, а таа е еден од најпопуларните десертни зеленчуци. Лубеницата почнале да ја одгледуваат уште пред илјадници години и тоа во пустината Калахари, во Африка. Во 1850 година, познатиот истражувач David Livingstone го открил тамошното изобилство од лубеници по што многу брзо се рашириле и на Медитеранот.
И додека уживаме во омиленото летно освежување, никој од нас не размислува за кората. Скоро сите ние уште на самиор почеток ја запоставуваме. Но, тоа е така затоа што сите го обожаваме црвениот сочен дел, а за нејзината корист има многу малку информации.
Кората од лубеницата има витамини од групата Б и Ц, но овие материи наместо во нашиот организам, често пати завршуваат во кантата за ѓубре.
Научните истражувања покажуваат дека покрај овие витамини, во кората од лубеницата содржи високо ниво на цитрулин. Тој е важна и здрава аминокиселина која се претвора во аргинин, кој е многу значаен за здравјето на срцето и циркулација.
Кората од лубеницата можете да ја искористите така што, најважно е прво добро да ја измиете, а потоа може да ја исечкате и измелите во блендер и да ја претворите во состојка во разни здрави напитоци.