Научниците од Универзитетот во Болдер, Колорадо, предвидоа катастрофален пад на човековата интелигенција, како резултат на зголемениот јаглерод диоксид во атмосферата, соопшти „Phys.org“.
Истражувачите набљудувале како зголеменото ниво на јаглерод диоксид влијае врз учењето на децата. Претходните експерименти покажаа дека високите концентрации на гас всушност влијаат врз нивниот ментален капацитет, наоѓајќи лесно решение со вентилација во просторијата. Во исто време, ефектот на свеж воздух заситен со јаглерод диоксид не бил познат.
Специјалистите разгледувале две сценарија. Во првото, човештвото ги намалува своите емисии на стакленички гасови. Во втората опција, емисиите остануваат на исто ниво. Направените компјутерски симулации покажуваат дека когнитивните способности на учениците ќе се намалат и во двата случаи. Според предвидувањата направени до 2100 година, падот на човековата интелигенција ќе биде во најдобар случај 25 проценти, а во најлош случај 50 проценти.