Контацептивните пилули е најважно да се земаат редовно секој ден во исто време. Но околу една третина од жените кои земаат орални контрацептивни пилули велат дека секој месец забораваат да земат по најмалку една доза. Наскоро, редовното секојдневно пиење на ваквите пилули би можело да стане дел од минатото.
Научници од MIT и болница во Бостон постигнале одличен прогрес во нивната мисија за развивање на контрацептивна пилула која се зема еднаш месечно, преку креирање на начин за испорака на лекови способен да остане во стомакот еден месец и постојано да го испушта оралниот контрацепциски лек левоноргестрел.
Пилулата досега била тестирана само врз свињи, кои имаат сличен гастроинтестинален тракт како луѓето, а тимот истражувачи кои стојат зад овој проект сметаат дека тој би можел да стане возможна алтернатива на сегашната метода.
Новоразвиената пилула се состои од „гастрично резидентна“ капсула со бројни „раце“, наполнета со левоноргестрел. Штом таа влезе во желудникот, ги раширува „рацете“ за да има опсег поголем од отворот на тенкото црево, што и овозможува да остане во него. Во меѓувреме, таа ги отстранува рацете една по една, испуштајќи ги во цревата каде се апсорбираат.
По испитувањето врз свињите, биле детектирани концентрации на лекот и до 29 дена откако пилулата била проголтана, а тестовите сугерираат дека материјалите користени за нејзина изработка не се токсични.