Дали сте од оние кои спијат малку подолго од 8 часа дневно? Новите истражувања покажуваат дека премногу долгото спиење или долго попладневно дремење се поврзани со зголемен ризик од мозочен удар.
Кинеските научници испитувале 31.750 мажи и жени во текот на шест години, со просечна возраст од 62 години, користејќи испитувања и податоци дадени од испитаниците за должината на спиењето.
Откриле дека споредено со седумчасовен или осумчасовен сон или лежење во кревет во обид да спијат повеќе од девет часа, ризикот од мозочен удар се зголемил за 23 проценти. Спиењето помалку од шест часа немал ефект врз ризикот од мозочен удар.
Студијата објавена во списанието Neurology исто така открила дека попладневните дремки кои траат повеќе од 90 минути се поврзани со 25 проценти поголем ризик од мозочен удар во однос на дремките пократки од 30 минути на ден.
А, луѓето кои спиеле повеќе од девет часа на ден и дремат повеќе од 90 минути на ден, имаа 85 проценти поголема веројатност да добијат мозочен удар.
Студијата го разгледала и влијанието на пушењето, алкохолот, вежбањето, семејниот живот, индексот на телесната маса и други показатели за здравјето и однесувањето.
Не е јасно која е причината за оваа врска, но должината на спиењето е поврзана со зголемени знаци на воспаление, неповолен однос на типовите холестерол во крвта и зголемен обем на половината, сите фактори кои се познати за зголемување на кардиоваскуларните ризици.
„Спиењето премногу долго е ризик за мозочен удар“, рече водачот на студијата Др. Ксиаомин Џанг, професор на Медицинскиот факултерт Тонџи во Вухан, Кина.
„Одржувањето на соодветна должина на спиењето може да биде ветувачки како метод за примарна превенција од мозочен удар“.
Тој исто така вели дека долгите дремки и спиењето исто така можат да укажат на генерално неактивен живот, кој исто така е поврзан со зголемен ризик од мозочен удар и дека може повеќе спиење да биде поврзано со луѓето кои се болни, со што може да го објасни и зголемениот ризик од мозочен удар.
Во набљудуваниот период, 1557 анкетирани лица имале мозочен удар.
Од вкупниот број испитаници, осум проценти дремеле повеќе од 90 минути на ден, а 24 проценти спиеле девет или повеќе часови во текот на ноќта.
Меѓу луѓето кои спиеле до девет часа на ноќ или дремеле помалку од 90 минути на ден, само еден процент имале мозочен удар.
Кај оние што спиеле и дремеле пократко, 0,7 проценти имале мозочен удар за време на студијата.
Претходните истражувања покажаа дека дремењето еднаш или двапати неделно во попладневните часови од пет до 60 минути има корисен ефект врз здравјето на срцето.