Во овој период од годината тешко е да се избегне заразата на работа, посебно ако работите со голема група луѓе. Во зима концентрацијата на микроби во затворени простории станува поголема бидејќи прозорците најчесто се затворени па нема проток на свеж воздух и излез на микробите надвор. Шансите да останете здрави тогаш се намалуваат, но постојат трикови кои можат да ви помогнат да не бидете настинати.
1.Избегнувајте допир на некои работи
Во уредите постојат места на кои се собираат најмногу бацили, на пример телефони, работни површини, вратата на микробрановата печка, држачот за вода…ако баш морате да допирате некои работи, подоцна измијте ги рацете.
2. Дезинфицирајте го својот работен простор
Ако сакате совршена чистота, не потпирајте се целосно на чистачките, кога е во прашање вашиот работен простор. Еднаш дневно избришете ја површината на која работите, копчињата на компјутер и телефонот со марамица за дезинфекција. Тоа може да уништи 99 отсто од бацилите.
3. Избегнувајте ги болните колеги
Иако би било најдобро да се дома и да се лекуваат, многу вработени се присилени да доаѓаат болни на работа. Таквите колеги најдобро е да се избегнуваат и да стоите подалеку од нив како можноста за зараза би се свела на минимум. На пример, кога некој кивне, неговите бацили патуваат и по сто метри.
4. Носете гел за дезинфекција на рацете
Често миење на раце е најефикасен начин за чување од зараза, а со тоа дорпинесува и гелот за дезинфекција кој е добро да го чувате на маса и повремено да ги премачкувате дланките со него како би ги уништиле насобраните бацили.
5. Избегнувајте да го допирате лицето
Секој пат кога го допрете носот, устата или очите им помагате на бацилите да влезат во вашето тело. Воздржете се од допири по лицето.
6. Имајте „Прва помш“ во работната маса
Секој со себе има препарат за јакнење на имунитетот, било да се таблети витамин Ц или некој друг витамин. Тоа секако може да ви помогне да не се разболите.
7. Избегнувајте кваки, посебно во ходникот
Иако тоа е многу тешко, не е невозможно. Сепак тоа е парче мебел кое најчесто се допира со нечисти раце, по завршена нужда. Отворете ги со лакт или марамица во раката која подоцна ќе ја фрлите.