Градските власти ги засукаа ракавите и се вклучија во акцијата за чистење на Скопје. Се чистеше Градскиот Парк, како и повеќе делови од метрополата. Чистеа и административци и градоначалници, а во Дојран дури и премиерот се фати за метла.
Граѓаните револтирани критикуваат дека се дават во отпад и прашина. Велат Скопје, за разлика од другите метрополи, далеку заостанувал.
Паралелно, топлото време и потрагата по храна – магнет за змиите кои од Водно, се спуштија во центарот на Скопје. Наместо во јули или август, влекачите годинава поранија во мај.
Објаснувањето на граѓаните, особено оние кои живеат во строгиот центар, топката ја префрлаат на градските власти кои до сега не презеле ништо по ова прашање.
Последниот од низата е жител од улицата “Славејко Арсов” кој вели дека деновиве имал неколку несакани средби со влекачи. Возејќи велосипед му се замотала змија на тркалото.
– Ме изненади, но не се исплашив многу. Сепак се плашам за децата. Тие си играат овде и не разликуваат што е врвка што е змија. Општинските служби треба да бидат поажурни во косење на тревата, а комуналците во чистење на шутот и ѓубрето, реагираат граѓаните.
Еден од низата неочекувани настани беше и оној, каде на Северната трибина на Арената Филип Фтори, редарите уловија смок, долг речиси два метра.
Претходно, во студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопска автокоманда, несакан цимер влета во еден од новите павиљони. Откако змијата побегнала, надлежните ги засукале ракавите и ја искосиле тревата.
Биолозите препорачува ако граѓаните видат змија да ја заобиколат и да не ја фаќаат. Дворовите да им бидат искосени, а шутот отстранет. Во природа да се носат соодветни затворени чевли и долги панталони, да се гледа каде се седнува и каде се ставаат рацете.
За само два месеци на Клиниката за инфективни болести четворица граѓани побарале помош поради каснување од змија. Три од нив биле минатиот месец и едно каснување е пријавено во мај. Сите случаи поминале без компликации и се случиле во рурални средини, велат од Инфективна.
Од клиниката појаснуваат дека при каснување од змија сите пациенти се хоспитализираат и се следат. Отровот може да предизвика компликации на респираторниот систем, тешко оштетување со тромбози и смрт.