Докажаните резултати од минимална инванзивна хирургија (лапароскопија и роботика) кои се изведени во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ (за сега само лапароскопија), побудија голем интерес на последниот конгрес (European Society of Gynecological Oncology), кој се одржа во Атина во ноември лани. На конгресот присуствуваше доц. д-р Никола Баџаков, кој вели дека конгресот бил исклучително важен и за него, но и за целиот гинеколошки оддел, за „Аџибадем Систина“, па и за Македонија.
Имено, кога пред една година во реномираниот медицински журнал The New England Journal of Medicine, а потоа и во дневниот весник „New York Times“ се објавиле онколошки резултати кои покажале дека минималната инванзивна хирургија – МИХ (лапароскопија и роботика) во оперативното лекување на раниот инванзивен карцином на грлото од матката кај жените има полоши резултати од класичната отворена оператива во однос на преживувањето и рецидивот на болеста, тоа предизвикало големо внимание и интерес кај докторите во светот. Заклучокот бил дека предностите на МИХ, кои се всушност покус болнички престој, помала загуба на крв, редуцирана примена на лекови, побрзо враќање во социјалниот живот на пациентката, операција кој е без рез остануваат исти споредени со отворените операции.
Веднаш по ова, вели д-р Баџаков, проф. Чива од Мадрид повикал гинеколошки хирурзи во областа на онкологијата да ги презентираат своите резултати од 2013 и 2014 година, период во кој впрочем би имало 4,5 до 5-годишно преживување кај пациентки оперирани со МИХ и на класичен начин.
По повикот своите резултати ги испрати и доц. д-р Никола Баџаков, а податоците од такви пациентки биле прифатени за рецензии на научен одбор на т.н. СУЦЦОР-студија, како единствен од регионот кој применува МИХ кај такви болни.
„На тој состанок во Атина се потврди дека МИХ има исти онколошки резултати како класичната оперативна техника, со напомена, за време на МИХ да не се употребуваат утерини манипулатори (инструмент кој се поставува во грлото на матката за поефикасно движење на истата). Таков инструмент не се применуваше за време на оперативниот зафат кај нас (кај 87 пациентки), па се потврдија добрите онколошки резултати. Така уште еднаш се докажа дека МИХ е блиско минато, сегашност и иднина во лекувањето на карциномот на грлото од матката“, вели д-р Баџаков.
Во најголем дел од презентацијата има податоци и показатели како оваа интервенција се изведува во болницата. Впрочем, во „Аџибадем Систина“ освен добрата технологија има и добар стручен тим на доктори кои ја спроведуваат.